Иновативен дизајн
стилски идеи
наша креација

 
 
 

ВИЗИЈА

Целта на менаџментот на СДИ Плакари и тимот на архитекти е преку секојдневен контакт со купувачот, преку дизајнот, квалитетот на производството и монтажата да достигне ниво кое на клиентот ќе му обезбеди едно ново, долгорочно искуство. Што и да планирате, ќе ни биде задоволство да Ви ги ставиме на располагање нашата инспирација и искуство стекнато преку многубројните завршени проекти.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

ЗА НАС

СДИ логото - „современо дизајнирани идеи“ само по себе го објаснува процесот на соработка со клиентот. Идејата е Ваша а реализацијата наша, е мотото кое не прати веќе 10 години, во кои земаме значајно место во полето на внатрешното уредување, дизајнот и проектирањето како во рамките на Р. Македонија, така и надвор од неа.
Сите Ваши прашања без никаков проблем ќе бидат одговорени во нашиот продажен салон во центарот на Скопје, каде ќе се запознаете со нашата секојдневна цел, да на најпрофесионален можен начин се задоволи секое барање на клиентот кое го правиме преку директна комуникација.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Што работиме

 
СДИ логото не прати веќе 10 години во кои нудиме услуги во полето на внатрешното уредување:
- Различни и флексибилни решенија за плакари со лизгачки врати кои овозможуваат слободно организирање на Вашиот простор;
- Мебел по мерка, направен од различни материјали кои доаѓаат со европски сертификат и долгогодишна гаранција.
 
 
 
 
 

од проект до реализација

 
Тимот на архитекти во СДИ Плакари стои на располагање за решавање на секој Ваш проблем во ентериерното уредување.
Од директна комуникација со клиентот преку разговор за можните решенија, па се до осмислување, монтажа и финална реализација на договорената цел.